Тркалезна маса за „Улица“ на Славко Јаневски

43

Тркалезна маса, насловена „Зoшто ‚Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман“, се одржува денеска, со почеток од 10 часот, во читалницата „Славко Јаневски“ во центарот на Скопје. Ќе учествуваат професори, книжевни критичари, писатели, поети: Славе Ѓорго Димоски, Весна Мојсова Чепишевска, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Ѓоко Здравески, Трајче Кацаров, Мими Блажевска и др.

Организатори се фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и издавачката куќа „Просветно дело“. Модератор е директорот на фондацијата, Ѕвездан Георгиевски. Одржувањето на тркалезната маса е најава за одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски (11 јануари 1920) и 70-годишнината од објавувањето на „Улица“, во 2020 година. Презентираните материјали заедно со текстот на „Улица“ (1950) ќе бидат објавени во списанието „Архив Јаневски“.