Македонскиот актер и режисер Трајче Ѓорѓиев ја подготвува комедијата „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, на отворената сцена на театарот „Солза и смеа“ во Софија, во продукција на драмскиот театар „Антон Страшимиров“ од Разград, Бугарија.

– Претставата премиерно ќе биде изведена на крајот на март и почетокот на април, најпрвин во Разград, а потоа и во Софија и во неколку други театри во Бугарија. Јадрото на екипата го сочинуваат неколку актери од театарот од Разград и од театрите од Софија: Тодор Мадолев, Екатерина Стојанова, Елена Калевска, Берна Касимова, Јоана Иванова, Филип Дончев, Костадин Жеков, Александар Божанов, Цветан Николов, Јацек Јанков и Ана- Марија Николаевна – најавува Трајче Ѓорѓиев, кој го прави и изборот на музиката. Сценографијата е на Теодор Даскалов, а костимографијата на Жанета Иванова.