Традицијата е код, традицијата е течение

53

Под мотото „Традицијата е код, традицијата е течение“ вечерва, во 20 часот, во ликовната галерија при центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп. Ова е проект што во својата програма ги покрива сите ликовни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс, а ќе се претстават околу 20 уметници.

– Идејата е да се охрабри истражувањето на љубопитните духови низ координaтите на уметноста, за да го пронајдат сопствениот автентичен израз инспириран од народното творештво. Во основа изложбата е обид за воспоставување врска меѓу традицијата и современиот живот, како и враќање на изгубените корени – велат од ДЛУП, истакнувајќи дека задачата е стимулирање на имагинацијата на прилепските ликовни автори.