„Темниот бакнеж“ претстава за деца во кино „Фросина“

49

Колектив Ветерница ја најавува својата нова – шеснаесетта премиера по ред, под наслов „Темниот бакнеж”.

„Темниот бакнеж“ е завршна претстава на трите групи по танцов театар, а истата раскажува за темниот бакнеж на Сонцето и Месечината, кој ќе експлодира во безброј магични сплетки на шумските самовили, нивните сестри вештерки и браќа гаврани.

Во неа учествуваат 30 деца од групите по танцов театар на возраст од 5 до 13 години.

Претставата изобилува со музика и танц и е соодветна за секоја возраст. Костимите и сценографијата се на Колективот Ветерница кој веќе 5 години активно се занимава со продукција на независен танцов театар од деца за деца.

Премиерата е закажана за 20ти мај (понеделник) од 19:30 часот во МКЦ кино „Фросина“, каде може да се набават билети по 150 денари.