Спирален витраж за покривот на Богородичната црква

115

И покрај тоа што францускиот претседател Емануел Макрон вети дека омилената катедрала на Париз ќе биде вратена во првобитната состојба од пред пожарот што се случи на 15 април лани, холандското студио за архитектура, „Трснфрм“, го сподели својот алтернативен концепт за скулптурален стаклен покрив што се врти во форма на спирала.
Историјата и културното наследство на Богородичната црква служат како почетна точка за дизајнот на „Трснфрм“, па, така, во однос на 800-годишната историја на зградата, концептот е замислен, пред сѐ, како место за обожување.
За да се заменат уништениот покрив и врвот, архитектите предлагаат современа скулптура изработена од витраж (обоено стакло). Идејата е делумно инспирирана од новата базилика „Нашата дама Гвадалупе“ во Мексико Сити, дизајнирана од покојниот архитект Педро Рамирез Васкез и галеријата „Виторио Емануеле“ во Милано. Во случајот на „Трснфрм“, огромна покривна конструкција ги „прегрнува“ луѓето внатре.
Скулптурата е изработена од витраж, во овој случај фиксирана во челична рамка. Како резултат, во текот на денот, витражната скулптура дозволува влез на сончева светлина во катедралата, додека пак во текот на ноќта, внатрешното осветлување на катедралата создава спротивен ефект – покривот на Богородичната црква станува „сјај во мракот“, референтна точка на хоризонтот на Париз.