Собир во чест на Трајан Мартиновски

190

Поголема група поети, издавачи, пријатели и почитувачи на неговото дело, денеска организираа чествување за Трајан Мартиновски, член на ДПМ, поет, писател, есеист, новинар, роден на денешен ден во 1951 година, а починат во 1999 година.

Мартиновски беше боем и затоа одбележувањето неговите пријатели го направија во кафеана, како најприкладно место за одбележување на датумот.