„Скршениот град“ изложба на слики во ликовната галерија во Кичево

128

Во ликовната галерија во Центарот за култура во Кичево, синоќа беше отворена изложбата на фотографии изработени пред, за време и после скопскиот земјотрес. На изложбата беа поместени 30 фотографии и Кичево е третата станица на овој опус, откако истата можеа да ја погледнат жителите на градот страдалник Скопје, љубителите на убавата уметност од Свети Николе и вечерва Кичево.

Фотографиите се во форма на разгледници и оваа изложба по сè што нуди е единствена и неповторлива.

-Гледајќи ги разгледниците од Скопје пред кобниот 26 јули 1963 година, се добива впечаток дека тоа не се само фотографии од еден убав град,на убава река распослани на падините на убави ридови, тоа е збир од многубројните љубови родени на корзото, на плоштадот, во студените вечери, во слаткарниците и на други места. Сеќавањата за било кој град во светот исчезнуваат како утринската магла, ако не останат после нив спомените од средбите со луѓето кои сте ги сретнале таму и, сте ги вградиле во својата слика за душата на тој град. Сликата на градот е фотографија од убави или грди згради, ако во некоја не е вградена приказната за луѓето кои го прават градот убав или не- рече на отворањето на изложбата, Маја Николоска-Сиљаноска од Центарот за култура во Кичево.

Зоран Антоски