„Синиот портокал“ во велешки театар со хуманитарна изведба

138

Претставата „Синиот портокал“, од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, утревечер ќе биде прикажана во велешкиот театар.

Од НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ информираат дека, како поддршка на Друштвото за помош на лица со посебни потреби „Зрак“ од Велес, вкупниот приход од продадените влезници за претставата ќе биде наменет за обезбедување на дефектолошки третман за дваесет ученици со посебни потреби од Велес.

Имено, претставата е една од најизведуваните во велешкиот Народен театар со над 50 изведби.