Се снима документарец за актерката Анче Џамбазова

102

Националната установа Театар Комедија започна да снима документарен филм за големата актерка на македонската сцена, Анче Џамбазова.

Од театарот велат дека овој филм ќе биде под режисерската палка на Миле Гроздановски, а сценариото го изработил Гоце Трајковски.

Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на актерката Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на Фестивалот “Гола Месечина“, односно на последната вечер од фестивалот (9 септември).

Овој фестивал се одржува под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.