Седум писатели воени репортери

79

Војните зад себе не оставиле само разурнати куќи и голем број жртви туку и нешто значајно за книжевноста. Познати писатели учествувале во војните и ги пренеле своите искуства на хартија, создавајќи ги најчитаните дела на современата книжевност. Држејќи во едната рака оружје, а во другата перо, се обиделе да ни ја прикажат суровоста на војната.

1. Ернест Хемингвеј
Покрај многубројните фикциски дела се наоѓаат и оние што ги напишал за време на војната и потоа. Така, ги опишал случувањата на фронтовите во текот на Првата светска војна во книгата што носи наслов „Збогум оружје“.
Како воен репортер во Шпанија, за време на граѓанската војна пишувал за северноамериканските весници. Во тој период Хемингвеј се занимава со пишување сценарио за документарниот филм „Шпанска земја“. Додека го бомбардирале Мадрид, Хемингвеј напишал уште едно сценарио, и тоа за филм на Петтата колона.

2. Џорџ Орвел
Битката што Орвел ја водел во 1937 година, во текот на Шпанската граѓанска војна, била пред сѐ борба со шпанскиот јазик и затоа со себе секогаш носел мал речник. Освен што научил неколку збора на новиот јазик и склопил голем број пријателства, во оваа странска земја нашол и инспирација за својата книга „Во чест на Каталонија“.

3. Тим О’Брајан
Токму кога војната во Виетнам достигнала ужаснувачка точка во контекст на американските жртви, Тим О’Брајан бил регрутиран. Како пешадинец војувал тринаесет месеци и за тоа време двапати бил ранет. Книгите што ја опишуваат воената состојба во Виетнам се: „Потрага по Кациото“, „Како да се раскаже вистинска воена приказна“ и „Товарот што го носеа“.

4. Џером Дејвид Селинџер
Пролетта 1942 година Селинџер се вклучил наводно носејќи со себе шест поглавја од книгата „Ловец во жито“. Во неа е опишана повоената состојба во Америка. Во книгата „За Есма (девет приказни)“ исто така се зборува за состојбата по војната, опишувајќи како влијаела војната на луѓето и какви трауми оставила. Така настанал и расказот „Вујко Вигли во Конектикат“.

5. Артур Кестлер
Агентот на Коминтерната, комунистичка организација, ја користел својата работа како новинар за да ги скрие своите намери. На тој начин успеал со малку труд и лажно обожавање на политиката на генерал Франко да направи интервју со него. Во текот на интервјуата добил докази дека нацистичка Германија и фашистичка Италија ги поддржувале водачот на Шпанија и неговата војска доброволци, со оружје и со друга опрема. Тој е откриен и едвај успева да го напушти штабот.

6. Гертруда Стајн
Заедно со Алис Б. Толкас ги преживеала војните што ја снашле Европа. Волонтирале во текот на Првата светска војна и успеале да им побегнат на нацистите во Втората светска војна. Своите искуства како Еврејка, пишувајќи за двете големи војни, ги пренела во книгата „Војните што не ги видов“.

7. Џ.Р.Р. Толкин
Делото „Господар на прстените“ настанало за време на Првата светска војна, напишано од раката на војникот Толкин. Приказните за Средната земја можеби не би биле исти ако војната не оставила силен впечаток на авторот. Вечната борба на доброто и злото – за која борба навистина пишувал и кој бил змејот Смауг останува тајна.