„Сапиенс – кратка историја на човечкиот род“

351

Издавачкиoт центар „Три“ го објави македонскиот превод на книгата за создавањето и еволуцијата на човештвото, „Сапиенс – кратка историја на човечкиот род“ од Јувал Ноа Харари. Ова дело на визионерскиот историчар Харари ја раскажува целата човечка историја, од нејзините најрани почетоци до радикалните откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции.