Самостојна ретроспективна изложба на Реџаи Исени

38

Отворање на самостојната ретроспективна изложба на Реџаи Исени ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во националната галерија „Чифте-амам“, во Старата чаршија. Со ретроспективната изложба, посеопфатно, првпат пред пошироката културна јавност ќе се претстави делото на Реџаи Исени, како вредно ликовно творештво. На јасен начин ќе се дополни учеството на овој автор, како важна алка во тековите на нашата уметничка продукција.

Реџаи Исени (1939 – 2018) е автор чие целокупно творештво претставува важен сегмент од македонската современа уметност, поврзан со посткубистичките влијанија, кои во нашата средина не беа силно изразени, а сепак присутни и негувани во одделни варијанти кај некои творци. Иако во локални и национални рамки, поради активното дејствување од крајот на шеесеттите, па до осумдесеттите години од дваесеттиот век, доста е познат и почитуван, но може да се констатира дека неговото место и улога не се доволно истакнати и експонирани.