Рускиот роман „Лав Толстој: Бегство од рајот“ на македонски

125

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Лав Толстој: Бегство од рајот“ од рускиот писател Павел Басински, кој во 2010 година ја доби руската книжевна награда „Бољшаја книга“ (Голема книга). Книгата е за последните денови на Лав Николаевич Толстој, кој пред повеќе од еден век, на 82 години, тајно ноќе побегнал од својот дом во Јасна Полјана во непознат правец.
Книгата е објавена со поддршка на Институтот за книжевни преводи на Русија, а на македонски го преведе Ѓорѓи Крстевски. Павел Басински (1961) е писател, книжевен критичар и публицист. Дипломирал книжевна теорија и критика. Предава литература и работи како уредник во весникот „Руска газета“. Член е на комисијата што ја доделува литературната награда именувана по рускиот писател Александар Солженицин. Автор е на голем број дела од областа на прозата и биографијата.