Ретко издание со 40 композиции од големите мајстори

64

Еден од поважните настани изминатата недела во областа на музичката култура беа трите промотивни концерти на кои пред јавноста беше претставено едно несекојдневно, исклучително важно и, дури во пошироки рамки, ретко издание. Станува збор за вториот и третиот том од циклусот „Компедиум музикум“, со наслов „Романтизам и импресионизам“, во кој има повеќе од четириесет маркантни композиции од големите мајстори на спомнатите епохи.

Она што нив ги прави посебни е фактот што во селекцијата и редакцијата на композициите учествуваа нашата истакната пијанистка, музички педагог и публицистка Снежана Анастасова Чадиковска и младиот пијанист Стојанчо Баковски. Во нив е вградено долгогодишното педагошко и пијанистичко искуство на Чадиковска, професорката од чија школа излегоа голем број наши пијанисти што денес концертрираат во Македонија и во светот и кои во текот на своите студии добија стотици државни и меѓународни награди.

Збирките се во издание на Музичкиот издавачки центар.