Реномирани поети ќе читаат на Денот на поезијата

75

Македонскиот ПЕН-центар и Националната и универзитетска библиотека денеска ќе го одбележат Денот на поезијата со поетско читање. На читањето, кое традиционално се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе учествуваат: Зоран Анчевски, Весна Ацевска, Михаил Ренџов, Санде Стојчевски, Јовица Тасевски Етернијан, Катица Ќулавкова, Иван Џепаровски, како и други членови на Македонскиот ПЕН-центар.

Наташа Аврамовска ќе yпaти послание до поетите во светот, велат организаторите на настанот.

Светскиот ден на поезијата е востановен во 1999 г. од УНЕСКО и Меѓународниот ПЕН-центар, а годинава се слави по дваесетти пат. Денот има за цел да ги афирмира различните светски јазици, особено загрозените, преку промовирање на поетското творештво. Денеска поетите од целиот свет организираат јавни поетски читања, а се одржуваат и часови на кои наставниците и учениците зборуваат за улогата на поезијата во образованието и општеството.