Распишан конкурсот за финансирање проекти за „Нов културен бран“

92

Министерството за култура го распиша конкурсот за финансирање проекти за манифестацијата „Нов културен бран“ во 2018 година.

Како што соопшти денеска, к онкурсот ќе трае до 18 јули 2018 година, а п раво на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата.

– Поради определбата за отвореност кон граѓанскиот сектор, интенцијата е да се поттикне и активира независната културна сцена, како и создавањето еднакви можности за сите, да се обезбеди деметрополизација, деконцентрација на културата од главниот град, таа да се дисперзира во локалните средини, да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда. На овој начин ќе обезбедиме „култура до сите и за сите“ со порамномерна географска застапеност во сите плански региони, велат од Министерството.

Предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво, самостојни и групни изложби; солистички, камерни и симфониски, етнофолклорни, рок и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции или, пак, содржините да имаат мултимедијален и интердисциплинарен карактер (акции, ликовни интервенци во урбан простор, хепенинзи, перформанси,… Локациите за нивното одржување можат да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои можат да се „оживеат“ и да се „рестартираат“ како уметничка сцена.

Предност имаат мали мобилни проекти, кои како активност се планирани за неколку регионални локални средини и чија реализација е во заедничка соработка меѓу здруженијата и поединците од невладиниот сектор и локалните и националните установи од културата.

Пријавувањето се врши со доставување на уредно пополнета пријава која треба да се преземе од веб-локацијата на Министерството за култура (њњњ.култура.гов.мк).

Манифестацијата „Нов културен бран“ ќе се одржи од 1-ви септември до 15 октомври.