Промоција на творештвото на Живојин Трајановиќ во НОБ

213

Kнигата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од проф. д-р Владимир Величковски, и изложбата од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Живојин Трајановиќ ќе убидат промовирани задутре во 12 часот, во фоајето на Националната опера и балет, во соработка со Дирекцијата за култура и уметност.

Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на операта во Националната опера и балет.

На промоцијата ќе се обратат авторот проф. д-р Владо Величковски, промотор проф. д-р Татјана Филиповска, директорот на Национална опера и балет м-р Васо Ристов, музикологот  Костадин Костадиновски, а модератор ќе биде Снежана Конеска Руси. 

Присутните ќе имаат можност да проследат кратка музичка програма во изведба на оперските солисти Славица Петровска Галиќ, Марјан Николовски, Васко Здравков со пијано придружба на Елена Силјановска и балетскиот солист Ивана Коцевска.