Промоција на романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

316

Утре со почеток во 13 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе се одржи промоција на романот на годината за 2018 година „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова. Оваа престижна награда за роман во државата е во организација на Фондацијата „Јаневски“.

Романот „Некој бил тука“ ќе го промовира Фросина Пармакова, минатогодишна
лауреатка на наградата роман на годината додека извадоци од романот ќе презентира Мери Каровска, член на фондацијата.

Во рамките на овој културен настан ќе биде претставено реизданието на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски и првиот број на списанието „Архив Јаневски“.

Ми.М.