Промоција на „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски

89

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ организира промоција на книгата „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик во 2018 година.
За наградената книга ќе зборува Лидија Капушевска-Дракулевска, а стихови ќе интерпретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи денеска во спомен-собата на Миладиновци во библиотеката, со почеток во 12 часот.
Зоран Анчевски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Досега ги има објавено стихозбирките: „Патувања низ скршени слики“, „Стратегија на поразот“, „Линија на отпорот“, „Превод на мртвите“, „Див мир“, „Историја на ветрот“. Добитник е на наградите „Студентски збор“ и на престижното меѓународно признание за поезија „Ѓакомо Леопарди“. За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“.