Промоција на монографија од Киро Кипроски

119

Монографијата „Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ од Киро Кипроски, ќе биде промовирана утре во просториите на Музејот на македонската револуционерна борба – Скопје (во 12 часот).

Како промотори на монографијата се најавени професорите Михајло Миновски и Марјан Ивановски и писателот Блаже Миневски. Промоцијата е во организација на печатницата „Европа -92“.