Промоција на монографија од Киро Кипроски

62

Денеска со почеток во 12 часот во просториите на Музејот на македонската револуционерна борба – Скопје, ќе се одржи промоција на монографијата „Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ од Киро Кипроски, во организација на печатницата „Европа -92“.

Како промотори на монографијата се најавени професорите Михајло Миновски и Марјан Ивановски и писателот Блаже Миневски.