Промоција на монографија за локалитетот Таор

164

Монографијата со наслов „Таор рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“, од археологот Киро Ристов, ќе биде промовирана утре, во 12 часот, во Музејот на градот Скопје. Книгата е резултат на повеќегодишни археолошки истражувања вршени од страна на музејот почнувајќи од 2000 година кога локалитетот Градиште, с.Таор, во скопската општина Зелениково првпат започнува да се истражува, со мали прекини до 2017 година, под раководство на Киро Ристов. Од 2008 година овој локалитетот беше вбројан во капиталните археолошки проекти иницирани од страна на Владата, во координација со Управата за заштита на културното наследство, а финансирани од Министерството за култура. Монографијата содржи 358 страни каде што се поместени содржини од истражувањата на различни историски периоди: праисторискиот, хеленистичкиот, раноримскиот, рановизантискиот, средновековниот, како и истражувањата на доцносредновековната некропола датирана од 15 до 17 век. Посебно се презентирани обработените наоди на 546 откриени монети, преку каталог во кој е обработена секоја монета, како и каталог на 407 откриени наоди со истражувањата.