Промоција на книгата „Стојач на работ” од Филип Клетников

136

Промоција на книгата „Стојач на работ” од Филип Клетников ќе се одржи вечер во Салонот 19:19 во Културно-информативен центар – Скопје. Книгата е во издание на Авант Прес.

Филип Клетников досега ги има објавено поетските книги „Некаде помеѓу“ (2007), „Крило и непрелет“ (2011), „Метафизички сино“ (2016).

Неговата поезија е преведувана на повеќе јазици и застапена во повеќе домашни и странски антологии на македонската поезија. Негови песни се застапени и во антологијата на младата екс – југословенска поезија „Ван кутије“. Освен поезија, пишува и објавува и раскази и есеи. Преведува и препејува од современ и средновековен германски јазик.

Книгата „Стојач на работ” ќе ја промовирa Ферид Мухиќ. Извадоци од книгата ќе чита Снежана Конеска Руси.