Промоција на книгата „Македонска сага“

207

Промоцијата на новата книга за филмот на Сунчица Уневска, насловена „Македонска сага“, ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар. Книгата е целосно посветена на македонскиот филм создаван во периодот од 1993 до денес, а промоцијата ќе започне со колаж на исечоци од македонските филмови, потсетувајќи нè на насловите што ги обележија изминатите триесет години.

„Македонска сага“ се осврнува на македонска независна кинематографија, тргнувајќи од „Македонска сага“ (1993) на Бранко Гапо, па до „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева, и освен филмски рецензии, содржи и избор на новинарски текстови и коментари на Сунчица Уневска, пишувани исто така во овој период, а со кои на свој начин се доловуваат контекстот и времето во кое тие филмови се создавале, како и сето она што во тоа време ги обележило.

Промотори на книгата се филмската критичарка Гена Теодосиевска и новинарот Емил Крстевски. Книгата е во издание на „Аквариус“.