Промоција на книгата „Липите кај Сарај-куќа“

76

Денеска, во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржи промоција на најновата книга „Липите кај Сарај-куќа“ на писателката Лидија Дочовска-Павловска, а критички осврт ќе дадат Вера Стојчевска-Антиќ и Трајче Кацаров. Павловска е членка на ДПМ.

Со своите поетски збирки „Солзите на Преспана“, „Така љубеше Косара“, „Крикот на пеликанот“, преку коавторската прозна книга „Преспански легенди – преспанска езерска убавица“, до најновата „Липите кај Сарај-куќа“ остава силен печат и вистински траги за одредени настани и случувања од преспанското поднебје што веќе беа подзаборавени.