Промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“

75

Промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски ќе се одржи утре со почеток во 19 часот во Домот за култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

Промотор на книгата ќе биде Игор Радев.

Во книгата се опфатени 2.000 имиња. За секое име е дадено неговото потекло, значење и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Дополнително, за секое име е наведено кога слави именден, односно кој светител или со кој новозаветен настан е тоа поврзано.

Издавач на енциклопедијата е издавачката куќа „Ми-Ан“.