Промоција на „Енциклопедија на македонски имиња“

75

Книгоиздателството „Ми-ан“ организира промоцијата на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски, во домот на културата „Кочо Рацин“, вечерва, во 19 часот. За книгата ќе зборува Игор Радев. Во книгата се опфатени 2.000 имиња. За секое име се дадени неговото потекло, значењето и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Во книгата, словенските имиња се поврзани со нивните пандани во другите јазици – откривањето и обзнанувањето на таа врска е значајно од јазичен, историски, книжевен и културолошки аспект. Во време кога модерните теории сѐ повеќе го изучуваат идентитетот како категорија неделива од постоењето/дијалогот со другиот, оваа книга е пример за таквото дефинирање.