Промоција на две книги од авторот Маја Арминовска

319

Во малата сала од Центарот за култура во Кичево, денес со почеток во 18 часот, ќе бидат промовирани двете најнови книги на најнаградуваниот млад автор од Кичево, Маја Арминовска.

При вечерашната промоција ќе биде промовиран најновиот роман на талентираната прозаистка „Најголемото искушение на Дева Марија“ и збирката есеи „Во центарот на мојата душа“.

Дека нејзините дела имаат голема вредност говори и фактот што таа зад себе има над триесет награди од кои и дел меѓународни, а лани ја доби и престижната награда од УНЕСКО.

-Романот „Најголемото искушение на Дева Марија“ е пишуван според вистински настан и носи силна порака за една болест која ја напаѓа младата популација –ендометриоза (неплодност). Сите перипетија на главниот лик се симболика за една девствена девојка. Целта на романот е да привлече внимание на сите девојки и жени да бидат мошне внимателни, кога е во прашање нивното здравје- вели за својот најнов роман авторката, Маја Арминовска.

Инаку Арминовска живее на релација Лондон -Македонија  и како што сама најави, допрва од нејзиното перо ќе излезат најубавите романи и есеи.

Зоран Антоски