Промоција на „Во градината има само љубов“ на Филип Димкоски

35

Младиот поет Филип Димкоски вечерва во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, во 20 часот, ќе ја претстави својата поетска книга, насловена „Во градината има само љубов“. Во неа има дваесет и една песна, за кои говорат рецензентите на: проф. д-р Васил Тоциновски, проф.

д-р Гордана Попсимонова, проф. м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ (Србија) и проф. Ина Крејн (Бугарија). Автор на корицата е Кристијан Јованоски Кетерник.

Филип Димкоски е автор и на книгите „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ (2010г.), „Божилак на исконот“( 2014г.), која е преведена и на српски и на бугарски јазик и „Заедно да растеме“.

Поезијата на Димкоски е препеана на српски, бугарски, хрватски, грчки, ромски, словенечки, италијански, германски, англиски и руски јазик, а дел од прозното творештво му е преведено на хебрејски.

Поезијата му е објавена во повеќе домашни и меѓународни списанија, зборници и антологии. Учествувал на повеќе конкурси и фестивали и добитник е на неколку награди во Македонија и надвор од неа. 

М.Т.