Промовирана книгата „Огнени воздишки“ на Марија Никодиноска

205
Фото: Зоран Антоски

Во малата сала од Центарот за култура во Кичево, младата кичевска поетеса и прозаистка, Марија Никодиноска, вечерва пред голем број љубители на пишаниот збор ја промовираше својата прва самостојна книга. Таа досега се појавува во два наврати како коавтор на книги со Милица Паулус и во една збирка со Олга Наумоска. Ова е нејзиното самостојно првенче.

– Покрај моето учество во двете зедничките антологии со Милица Паулус и во збирката на Олга Наумоска, „Симфонија на срцето“, вечерва  ја промовирав својата прва самостојна книга „Огнени воздишки“. Инспирацијата за оваа книга ја добив од секојдневните настани и случувања, како мои така и на моите најблиски. Инаку овој роман се состои од проза и поезија и првите почетоци на овој роман беа создадени уште во средношколските денови. Според мојата визија, целна група читатели на оваа книга се младите и повозрасните љубители на пишаниот збор и очекувам истата да наиде на добар одзив кај читателската публика како во Кичево така и низ цела Македонија – истакна авторката Никодиноска.

За првата книга на Никодиноска oсврт имаше и професорот Венѓело Лозаноски, нејзин рецензент и уредник.

– Марија со оваа книга првпат се вклучува во литературниот свет во македонската современа литература, со мислите бисерни од длабочината на душата во своите песни и раскази. Книга која изобилува со разновидни теми и мотиви, со извор на стилски фигури на љубовта ѝ дава посебно возвишено, централно место – вели во својата рецензија професорот Лозаноски.

Инаку Никодиноска покрај тоа што убаво пишува, таа убаво црта, за што доби награди  за најубав велигденски цртеж минатата година организизиран во црковниот храм во Кичево.

Извадоци од новата книга на Никодиноска на промоцијата читаа поети од Кичево и Македонски Брод.