Промовирана книгата вински мудрости „ Буке“ на Душко Стефанов

70

Во рамките на случувањата кои се организираат за Тиквешкиот гроздобер денеска 
беше промовирана третата авторска книга на Душко Стефанов под наслов „Буке“ во издание на библиотеката „Феткин“. Станува збор за џебно издание во које се поместени 365 вински мисли за секој ден од годината. За наредната година која ќе биде високосна авторот вели дека мислата јавно ќе ја каже во 2020.

„Какво срце имаш, такво вино пеиеш“, „Кога со очите се смеам, со душата вино пијам, песна пеам“, „Виното е лага која секогаш Ве води до вистината“, „ Виното е лирска пајажина помеѓу меракот и срецето“, „ Секоја здравица ја паметам по доброто вино. Ова се само неколку вински мисли кои за оваа издание ги селектираше Даниел
Уневски, а на англиски ги преведе Димитар Апостолов.

Душко Стефанов својата прва книга „Песочен часовник“ ја посвети на децата во која се поместени 12 приказни за секој месец во годината по една приказна. Во втората книга „И буден сонувам“ објави дваесет и четири песни и дваесет и четири мисли за секој час во едно деноноќие кои претставуваат вистински клуч да се отворат дваесет и четири порти. За 2020 година авторот го најави неговиот прв роман.

Мирјана Мукаетова