Проекција на филмот „Лејла М.“ по повод Меѓународниот ден на човековите права

42

По повод Меѓународниот ден на човековите права, на 10-ти декември ќе се одржи првата од низа проекции на овогодишното издание на филмскиот фестивал „Movies that Matter”, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија.

Проекцијата ќе започне во 19 часот, во социјалниот клуб Комитет (катна гаража Беко).

Поаѓајќи од тоа дека документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршувањата на човековите права, како и борбата за права во различни делови на светот, во вторник ќе биде прикажан филмот „Layla, M.“, на режисерката Mijke de Jong.

Станува збор за приказната на Лејла, млада холанѓанка со мароканско потекло, која се соочува со исламофобија додека живее во Амстердам и се мажи за млад човек кого го запознава на интернет.

Филмот е со превод на македонски јазик.