Проектот „Баухаус имагиниста“ во Кинотеката на Македонија

107

Почнувајќи од денеска па до 23 ноември, во Кинотеката на Македонија ќе се одржува „Баухаус имагиниста“, проект што вклучува работилници, изложба и филмски проекции. Станува збор за опсежен меѓународен проект посветен на стогодишнината од познатата школа „Баухаус“, со фокус на нејзината меѓународна распространетост и рецепција.

Оваа патувачка изложба обединува идеи, истражувања и документација, а во центарот на поставената инсталација се наоѓа компјутерски терминал, каде што посетителите можат да го разгледаат онлајн-списанието на „Баухаус имагиниста“ и да отпечатат слики и текстуален материјал за да ги соберат во папките предвидени за тоа. Посебната филмска програма содржи лично изработени дела од современи уметници и научници и научнички: Зви Ефрат, Кадер Атија, Групата „Отолит“ и Венделиан ван Олденбург на теми и приказни од „Баухаус“.