Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со „Пиреј“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

259

Веќе шест дена Прилеп е средиште на македонскиот театар. Веќе помина половина од програмата на 54-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Останаа уште три претстави да бидат прикажани во официјалната програма. Публиката смета дека досега видела различни претстави со различна естетика за што го дава својот глас.

Денеска беа промовирани книгите со театарска критика „Мало фолио за театар“ од Иван Додовски, „Писма без марка“ од Лилјана Мазова и „50 години Драмски и клоцата во…“ од Коле Ангеловски. За овие дела беше посочено дека се значајни за македонскиот театар.

Вечерва од 19.30 часот во официјална програма настапува театарот домаќин „Војдан Чернодрински“ и ќе ја изведе претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Се работи за извонредна претстава, вонвременската и потресна приказна за неуништливоста на македонскиот народ и неговото страдање, во која публиката ќе ужива. По претставата ќе се одржат и разговорите на тркалезна маса.

Од 23 часот актерот Бобан Алексовски ќе ја изведе „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Ка.М.