Претставување на Ренџов и на Тапио на „Струшките вечери на поезијата“

75

Денеска на програмата на 57-те „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) е претставувањето на портретот на поетот Михаил Ренџов, минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија, а најавени се и поетски читања на поети од потесниот избор за оваа награда за 2018 година.

Ќе биде претставен и портретот на Паули Тапио, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга, но и портрети на други учесници на фестивалот. На фестивалот, кој ќе заврши в недела, годинава учествуваат 30 поети од 29 земји и педесетина поети од Македонија.