Претставата „Чудесна терапија“ вечерва на „Охридско лето“

125

Во рамките на драмската програма, вечерва на „Охридско лето“ е театарската претстава „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во изведба на актерите на Драмски театар, Скопје. Режисер на претставата е Димче Николовски.

Почетокот е во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“.
– Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем. Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне? Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада – вели режисерот Димче Николовски.

Во претставата уграат: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски.

Претставата не е наменета за лица под 12 годишна возраст.