Претставата „Лажговци“ премиерно за 70 години театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

322

Со премиерата на претставата „Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски вечерва од 19.30 часот , театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ги започнува активностите за одбележување на јубилејот 70 години од постоењето.

– „Лажговци“ е типична англиска комедија. Авторот на текстот е современ англиски комедиограф. Претставате е малку чудна, апсурдна, човечки топла и многу смешна – вели режисерот Коле Ангеловски, кој е потписник и на преводот и адаптацијата.

Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, а музиката е на Томе Темелковски. Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски – Ашата, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Трајче Иваноски, Најдо Тодески и Јасмина М. Станковска.

Во наредните денови следи манифестацијата „Недела на театарот“, во која ќе се изведат проектот „Move the beat with astors & the hounds“ на 18 февруари и ќе бидат прикажани пет претстави од тековниот репертоар, до 23-ти месецов, за што влезниците веќе се распродадени речиси за сите претстави.

Театарот низ седумте децении се развивал и растел за денес да биде врвен ансамбл кој постигнува успеси не само во Македонија, туку и во странство… Досега прикажал над 350 премиери и околу 7.000 претстави кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе. Ка.М.