Претставата „Клетници“ на прилепскиот театар најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“

92

Претставата „Клетници“ е најдобрата претстава на годинашното 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, јави дописничката за Нова Македонија.

Наедно претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Mартин Кочовски, освои уште три награди: Главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, Горјан Милошевски за драматизација на романот „Клетници“ и награда за музика за групата „Фолтин“.

Жирито составот го сочинуваа Мими Таневска Србиновска, претседател и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов-Дац.

Наградата за најдобра режија жирито ја додели на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ на турскиот театар, а наградата за најдобра машка улога ја понесе Сашко Коцев во претставата „Ничија земја“ на МНТ од Скопје.

Вечерва е затворањето на 53. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, каде ќе бидат доделени наградите, а во чест на наградените театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега драга“.

Погледнете ги во целост добитниците на наградите на годинашното 53. МТФ „Војдан Чернодрински“

  1. Награда за рекламен материјал се доделува на Нгадњим Мехмети од претставата „Жените“ во изведба на Албанскиот театар Скопје.
  2. Награда за музика се доделува на групата Фолтин во претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
  3. Награда за костимографија се доделува на Марија Попуческа и Бранкица Јордановска во претставата „Ужегнатост“.
  4. Награда за сценографија се доделува на Валентин Светозарев и Никола Тороманов за претставата „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот Народен театар.
  5. Наградата за млада актерка се доделува на Ебру Мусли за улогата Корделија во претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар Скопје.
  6. Награда за млад актер се доделува на Александар Михајловски за улогата на Нино во претсвтавата „Ничија земја“ во изведба на МНТ.
  7. Награда за женска епизодна улога се доделува на Наташа Петровиќ во претставата „Еднаш свет изградив“ во изведба на Театарот за деца и млади , Скопје.
  8. Награда за машка епизодна улога се доделува на Горазд Цветковски за улогата на Рамбо во претставата „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот народен театар, Скопје.
  9. Награда за главна женска улога се доделува на Ангела Наумовска за улогата на Фантин во претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“, Припел.
  10. Награда за главна машка улога се доделува на Сашко Коцев за улогата на Чики во претставата „Ничија земја“ во изведба на МНТ, Скопје.
  11. Награда за современа сценска драматизација се доделува на Горјан Милошевски за драматизација на романот „Клетници“ од Виктор Иго во претставата „Клетници“ на театарот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
  12. Специјална награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика се доделува на претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар, Скопје.
  13. Награда за режија се доделува на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар, Скопје.
  14. Наградата за уметничко остварување на претставата во целина и се доделува на претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Ка.М