Претставата „Алиса и чудата“ во театарот „Сенки и облаци“

17

Во театарот „Сенки и облаци“ утревечер, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Алиса и чудата“, 40-минутна претстава со сенки, без текст, во која можат да уживаат и деца и возрасни. Станува збор за најновиот спектакл на театарот „Сенки и облаци“, кој ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста. Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а единствено ги поврзува состојбата на истовремен хаос и статус кво. Преку уникатното визуелно изразување со помош на сенките, светлината и белото платно, оваа претстава си поигрува со фантазијата на публиката.