Премиера на претставата „Дух“ во МНТ

363

Македонскиот народен театар утре ќе ја изведе премиерата „Дух“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Гораст Цветковски ја толкува главната улога – Александар Мара или Духот, а покрај него играат Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф Лидија Георгиевска, а музиката е на Надежда Рубин, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.

Режисерот Јаниќијевиќ вели дека секој човек кој ќе дојде да ја гледа оваа претстава ќе ја почувствува болката, ќе се препознае и ќе сака да стане дел од решението на проблемот со кој живееме.

-Сите чувствуваме една суштинска неправда и не гледаме излез наскоро – изјави Јаниќијевиќ.