Премиера на „Последната лента на Крап“ во МНТ

50
На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12 часот премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски. 

Претставата е ко-продукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.

Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.

На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.

 
Билетите се достапни онлајн на следниот линк. Билетарницата работи понеделник и вторник од 12 до 18 часот и во среда од 9 до 14 часот.