Премиера на операта „Скендер-бег“

146

Премиера на операта „Скендер-бег“ од композиторот Фатос Лумани ќе биде изведена вечерва, во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Олси Ќинамиа, режијата е на Ќендрим Ријани. Кореографијата е на Артан Ибершими, а костимите ги изработи Марија Пупучевска.

Оперското либрето „Скендер-бег“ е базирано врз странски и албански автори што во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендер-бег, кој во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот, но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства. Солисти се: Армалдо Клоѓери, Зана Абази Рамадани, Армандо Ликај, Васко Здравков, Нина Мухо, Никола Стојчески, Лиридон Садриу, Марија Наумовска, Мустафа Имери, Бесарта Муртезани, Исмет Вејсели, Сихана Бадивуку и Дрита Каба Карага. Настапуваат и хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.