Премиера на „Дис ис хрстори“ на Игор Христов

131

На 14 февруари, со почеток во 19 часот, во „Кино култура“ ќе се одржи премиерно прикажување на документарниот филм „Дис ис хрстори“, во режија на Игор Христов, по идеја на Илина Арсова. Филмот ја раскажува приказната на три балкански хероини што ги поместуваат границите на екстремните спортови во своите заедници.

Освен проекцијата, овој мултимедијален настан ќе продолжи со ликовна изложба на авторски дела од Илина Арсова од последниот циклус „Дневник на моите височини“.

Изложбата е со продажен карактер, за финансирање на проектот „7 врвови“.