Премиера на детската претстава „Златната рипка“ во Велешкиот театар

91
На големата сцена во театарот „ЈХК-Џинот” во Велес денеска напладне премиерно биде изведена претставата за деца „Златната рипка”.
 
Оваа најнова продукција за деца е бајка во стихови, работена според „Сказна за рибарот и рипката” од Александар Сергеевич Пушкин, во превод и драматизација на Слободанка Чичевска, а во режија на Младен Крстевски.
 
Приказната зборува за рибарот кој фатил „златна рипка“ и која му ветила дека ќе му исполни било каква желба ако ја ослободи.
 
Во претставата настапуваат Александар Ѓеоргиев како Рибарот, Слободанка Чичевска како Бабата, Кристина Нацева како Златната рипка и Кирил Гравчев како Раскажувачот.
 
Премиерната изведба на претставата е со организирана посета на ученици, но и со слободна продажба на билети на билетарницата на театарот.