Премиера на вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“

53

Вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“ од новинарот, Марјан Стошевски, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовиран пред пошироката јавност во Занаетскиот дом во Куманово. Филмот ги прикажува спортските турнири кои се одржале во овој  објект од 1947 до 1977 година.

– Во Соколана играле значајни личности од кошарката од поранешна Југославија, тука се удрени темелите на кошарката во Македонија и пошироко – вели новинарот Стошевски.

Документарниот филм поединечно ги опишува турнирите, а на промоцијата ќе присуствуваат поранешни кошаркари, тренери од регионот. Целта, појаснува новинарот, да се сочува од заборав сето она што се одвивало во прекрасниот архитектонски објект од апсект на спортот, конкретно во вториот документарен филм од кошарката.

– Соколана беше единствена сала од затворен тип во поранешна Југославија до крајот на 60-те години и Куманово ја имаше таа чест и привилегија да биде гостин, односно да пречека  квалитетни екипи и поединци и тоа е на некој начин инспирација и задоволство да се подготви ваков серијал на документарни филмови – додаде Стошевски.

Претходно во јануари беше промовиран првиот дел на филмот.