Прво цеде на македонскиот композитор Вулнет Таири

84

Македонскиот композитор, Вулнет Таири, неодамна го објави својот прв компактен диск, на кој се сместени пет композиции за различен инструментален состав како избор од неговиот досегашен композиторски опус. Изданието го уредуваше музикологот Марко Коловски, а издавачи се Музичкиот издавачки центар, Сојузот на композиторите на Македонија и Македонската радио-телевизија, а е поддржано од Министерството за култура.

Вулнет Таири, роден во 1982 година, своето музичко образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класите на проф. Гоце Коларовски и на проф. Тома Манчев. Освен кон творештвото, својот интерес Таири го насочува и кон музичката педагогија, при што за краток период го мина патот од наставник во Основното музичко училиште во Гостивар (солфеж и теорија на музика), до универзитетски професор (2009 година стана член и на Тетовскиот државен универзитет – Факултет за музичка уметност), каде што го предава стручниот предмет (оркестрација). Вниманието го свртува кон себе кога се појавува како автор уште во времето на студентските денови кога се изведуваат неколку од неговите младешки дела. Во 2009 година, Таири ја создава својата Симфонија бр. 1, изведена од страна на Македонската филхармонија. Таири како композитор е добитник на неколку државни награди, на националниот натпревар на Македонија.