По неколкумесечна пауза, НОБ ќе одржи ексклузивен гала концерт и балетска претстава на отворено

43

По пауза од неколку месеци поради глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, под ѕвездите, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.

На 25.9.2020 со почеток во 21.00 часот на платото пред Националната опера и балет (Плоштад „Мајка Тереза“) ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт со солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска (сoпран) и Оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент: Бисера Чадловска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Кореограф: Саша Евтимова
Режисер: Дејан Прошев
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Милчо Александров

НАПОМЕНА: Влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 часот, почеток на настанот е 21.00 часот. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита. Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk