Почнува Истражувачкиот филмски фестивал

135

Вечерва, со почеток во 19 часот, во „Кино култура“, ќе се отвори третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал. Ова издание на фестивалот ќе се фокусира на дигиталното и има за цел да го разгледа светот на иновативни можности и можни нарушувања на приватноста. Програмата ќе започне со панел-дискусија на тема „Новинарството и медиумите во дигиталната ера и социјалните мрежи, каде одиме?“, која ќе ја води новинарката Ана Зафирова, а е посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми. За предизвиците со кои се соочуваат медиумите денес, како и насоките во кои може да се исползуваат иновативните алатки, Зафирова ќе разговара со Марија Фернанда Лаурет од „Контраст“ и Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачка интелигенција, која има работено во престижни британски медиуми како „Гардијан“, „Скај њуз“, Би-би-си и Чанел 4 .

Во 20.30 часот е планирана проекција на филмот „Големиот упад“, документарен филм за скандалот со „Кембриџ аналитика“ и злоупотребата на личните податоци на фејсбук-корисниците.