Почна 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

144

Во Охрид вчера беа отворени 51-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 45-та Меѓународна научна конференција, во организација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На Меѓународниот семинар, кој стана ценет славистички центар, досега учествувале над 4.300 учесници од над 50 држави, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.
Својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката семинарот ја почна скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија.
Годинава во Конгресниот центар на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, тој ќе се одржува до први јули.