Почина поранешниот министер за култура Благој Стефановски

547

Поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге почина на 67-годишна возраст поради компликации од ковид-19.

Стефановски беше болен подолго време, а потоа и позитивен на коронавирусот.

Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

Во својата професионална кариера тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на Охридско лето.

По завршувањето на министерскиот мандат, го оформи Мал драмски театар – Битола и работеше на независната сцена.